дома Македонија (Во живо)ФЕРИД МУХИЌ „ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА“: Кој му го промени мислењето на...

(Во живо)ФЕРИД МУХИЌ „ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА“: Кој му го промени мислењето на Ферид Мухиќ додека траеше паузата од еден час?

Иако најавуваше дека нема да го поддржи договорот, ниту пак гласаше за дневниот ред на денешната пленарна седница, Ферид Мухиќ, член на владејачкото мнозинство во Собранието и човекот кој иницираше нелегален избор на претседател на Собрание, во својот говор пред пратениците најави дека ќе гласал за договорот за промена на името на Р.Македонија


„Со гордост, благодарен на историјата, пријателите и општеството што ми овозможија да бидам дел од овој историски момент, јас ќе го поддржам договорот“ – рече Ферид Мухиќ од собраниската говорница.