дома Актуелно ВО ЖИВО: Иванов на пладне ќе му го даде мандатот на Зоран...

ВО ЖИВО: Иванов на пладне ќе му го даде мандатот на Зоран Заев

Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, соопшти кабинетот на Иванов.

Од СДСМ соопштија дека денеска по врачувањето на мандатот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе даде изјава за медиуми, пред Резиденцијата Вила Водно.