дома Свет Во живо: Индиската мисија го започна слетувањето на Месечината

Во живо: Индиската мисија го започна слетувањето на Месечината

Долгоочекуваната индиска мисија на Месечината е на неколку минути од реализација. Започнато е слетувањето на површината на Месечината.

Ова е втора индиска мисија на Месечината, откако претходно беше одложена поради технички проблем. Леталото Шандрајан 2 треба да слета помеѓу 1.30 и 2.30 часот во сабота.

Мисијата се состои од орбити кои ќе се вртат околу Месечината околу една година. Ажурирања од слетувањето ќе стигнат од седиштето на индиската вселенска организација во Бенгалуру, кое нестрпливо го чека историското слетување.