дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Во живо) Митовски: Висока недоверба во вакцинирањето на сите анкети и истражувања

(Во живо) Митовски: Висока недоверба во вакцинирањето на сите анкети и истражувања

Сотир Костов на темата вакцинација го даде своето мислење дека има одредена недоверба во кажувањата на политичкиот врв по однос на изјавите и пресконференциите кои ги има власта и лично не верува во кажаните зборови кога точно вакцината ќе дојде во Македонија.

Меѓу истражувањата кои ги напомена Милош Милошевски е и анкетата на Инфомакс, во која на прашањето Дали ќе се вакцинирате од со вакцина против Ковид-19 само 17 % од граѓаните одговориле дека ќе се вакцинираат, додека 83 % ќе одбијат да се вакцинираат.

Подробно образложи и Александар Митовски кој вели дека не дека нема доверба во вакцинирањето или во квалитетот на вакцините или во медицинскиот персонал, но она што го гледа со постоењето на само два фрижидери за чување на вакцините на соодветна температура во Македонија, му дава причина за сомневање дека Македонското здравство нема капацитет да администрира вакцинација против ковид-19 и чување на вакцините во соодветни услови и нивна апликација кај граѓаните.

Тој воедно кажа дека тој ги гледа фрижидерите во Скопје, но не ги гледа во Тетово, во Велес, во другите градови и смета дека тоа му дава за право и причина за загриженост по однос на вакцинацијата.

Проследете ја емисијата на следниот линк:

infomax.mk – Неделен Брифинг со Сотир Костов, 01.02.2021 | Facebook