дома Актуелно ВО ЖИВО ОД ПРОТЕСТОТ НА КОМИТИ: „Комитите“ бараат правда за Никола Саздовски!

ВО ЖИВО ОД ПРОТЕСТОТ НА КОМИТИ: „Комитите“ бараат правда за Никола Саздовски!

Откако премиерот Зоран Заев ги обвини Комитите дека добивале илјадници евра за организирање наводни ,,насилни’’ протести, навивачката група ,,Комити’’ денес уште еднаш покажа дека нема намера да се предаде во борбата за правдата и Македонија.

 

Денеска „Комитие“ се собраа на плоштадот во Автокоманда, населбата во која беше убиен младиот Никола Саздовски член на Комити, и ќе маршираат до министерството за внатрешни работи каде ќе протестираат и ќе го изразат своето незадоволство од начинот на кој МВР ја води истрагата за случајот во кој беше убиен младиот Саздо. Притисоците, нападите и убиствата се чини немаат никакво влијание на храбрите и верни ,,Комити’’.

Маршот ќе се движи од Автокоманда, кој ОЈО, а ќе заврши пред МВР според најавата на навивачката група