дома Актуелно (Во живо) Централна свеченост по повод чествувањето на Илинден на Мечкин Камен...

(Во живо) Централна свеченост по повод чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево

Централна свеченост по повод честувањето на Илинден во Крушево. Свеченоста ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Стево Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен и културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата и пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден.
Во Крушево присуствува и владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Собраниска делегација исто така присуствува на централната свеченост, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, а во состав Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески.