Во земјава има вкупно 470 илјади вакцини „Фајзер“ и 20 илјади „АстраЗенека“, се очекува и донација од Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие мерки треба да се применуваат, додека синдикатите сметаат дека тестирањето не треба да биде на трошок на вработените.

За предлог-мерките, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе се разговара во понеделник на седница на Главниот кризен штаб, а потоа и на Влада.

– Тоа е нешто што ќе го разговараме неделава што е пред нас. Оваа мерка ќе ја дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, рече  вчера Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски.

Мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници, според Филипче, е важна затоа што смета дека токму тие треба да бидат пример за останатите граѓани.

– Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, рече Филипче.

Пораки за имунизација вчера испратија и сопругата на полскиот претседател и на претседателот на државата, Агата Корнхаузер – Дуда и Елизабета Ѓоргиевска.

Корнхаузер-Дуда, чија земја донираше 200.000 вакцини во земјава, ги повика невакцинираните, да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот излез од ситуацијата.

– Во последните месеци живееме во натпросечна и тешка ситуација предизвикана од коронавирусот. Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, рече Корнхаузер-Дуда по повод донацијата од 200.000 вакцини.

Со ист став е и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, според која, граѓаните треба да се вакцинираат пред се заради себе, а потоа и заради најблиските и јавното здравје.

– Во изминативе две години верувам дека секој од нас беше во контакт со некој што беше болен од Ковид. Верувам дека голем број од нас загубија блиски, роднини и пријатели и сметам дека со оглед на сите податоци што постојат, вакцината засега е единствен излез од оваа ситуација. Затоа би сакала да Ве охрабрам сите кои немате примено вакцина, пред се заради себе, заради вашите блиски и сите во околината, да ја примите што е можно побрзо бидејќи повторно се соочуваме со големи бројки секојдневно, рече Ѓоргиевска.

Министерот Филипче уверува дека има доволно вакцини. Со донацијата од Полска, во земјава има вкупно 470 илјади вакцини „Фајзер“ и 20 илјади „Астра Зенека“, а се очекува и донација од Италија.

Анализата на Министерството за здравство покажува дека процентот на заразени и на хоспитализирани лица кои не се вакцинирани е голем. Во периодот од 6 август до завчера вкупно на ниво на држава, 53.682 граѓани биле позитивни на Ковид-19 од кои 69 отсто или 36.980 граѓани биле невакцинирани, а 31 отсто или 16.702 лица вакцинирани. Од моментално хоспитализираните 534 пациенти, 123 биле целосно вакцинирани, додека останатите се невакцинирани. Анализата покажува дека и смртноста е драстично поголема кај невакцинираните. Од вкупниот број починати, 80 проценти биле невакцинирани, а 20 отсто вакцинирани.

– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, нагласија од Министерството.

Синдикатите генерално не се согласуваат со мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести. Сметаат дека тестирањето не смее да биде на трошок на вработените и дека преку едукативни кампањи треба да се подигне свеста за бенефитите од вакцинирањето. По реакциите на Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата н слободни синдикати, вчера реагираше и Синдикатот на културата од каде велат дека вакцинирањето треба да биде личен избор. За нив е неприфатливо трошокот на ПЦР тестирањето да биде на трошок на вработените имајќи предвид дека платите кај поголем дел од вработените се движат под просекот.

-Како Синдикат кој се грижи за здравјето на своите вработени, ние не сме против вакцинирање. Тоа го покажавме уште на 5 март оваа година со дописот до нашето ресорно Министерство и Министерството за здравство, кога реагиравме и побаравме вработените во културата да бидат ставени на приоритетна листа за вакцинација, со што сметавме дека ќе се овозможи нормализирање на работата на институциите од културата, наведоа од Синдикатот на културата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This