April 19, 2024, 11:46 am

Во Израел, пpвпaт oд март, нaд 2.000 нoвoинфициpaни зa 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на Ковид-19 во понеделникот, што е најмногу за 24 часа од март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а позитивната стапка е 2,32 проценти.

За споредба, во екот на третиот бран на инфекција во јануари, имаше повеќе од 1.200 новоинфицирани лица на ден.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на вирусот во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на владата да не се патува непотребно, меѓународниот аеродром во Израел „Бен Гурион” е полн со патници.

Министерот за здравство, Никан Хоровиќ денеска го повтори повикот на премиерот на Израел, Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите оние кои досега не го сториле тоа.

Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.

Хоровиќ исто така рече дека Министерството размислува дали да им даде на постарите граѓани трета доза вакцина против Ковида – 19, и покрај фактот што нема податоци од производителите за клинички испитувања.

Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.

За време на пандемијата од коронавирус во Индија почина 6.461 лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This