дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во Индија peгиcтpиpaн нaјгoлeм бpoј cмpтни cлyчaи од Koвид-19 во eдeн дeн

Во Индија peгиcтpиpaн нaјгoлeм бpoј cмpтни cлyчaи од Koвид-19 во eдeн дeн

Индија денеска соопшти дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 умреле 1.133 лица, што е најголем број на смртни случаи регистрирани за еден ден од почетокот на пандемијата.

Индиското Министерство за здравство, исто така, соопшти за 75.809 нови случаи на инфицирани со коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна речиси 4,3 милиони лица, пренесуваат американските медиуми.

Индија се наоѓа на второто место во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, веднаш по САД.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја умреле 72.775 лица.

Повеќе од еден месец Индија бележи најголем број нови инфекции дневно во светот.

Пандемијата на коронавирусот е економски поразителна за Индија, бидејќи нејзината економија во вториот квартал од годината е опадната за речиси 24 проценти.