дома Хроника Во Карпош приведен скопјанец за „даночно затајување“

Во Карпош приведен скопјанец за „даночно затајување“

МВР приведе лице по распишана централна потерница.

На 19.11.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.