дома Свет Во Кина пуштен во употреба најголемиот мост во светот

Во Кина пуштен во употреба најголемиот мост во светот

Во Кина е пуштен во употреба мостот „Pingnan Third Bridge“ на реката Кси Jианг, што е најголемиот мост со свод на светот. Овој мост во облик на лак има најголем распон на светот, поголем и од досега најголемиот кинескиот мост Чоатијанмен, изграден пред 11 години.

Мостот е долг 575 метри (23 метри повеќе од претходниот рекордер), додека неговата вкупна должина е 1.035 метри.

Во мостот се вградени дури 15.000 тони челик, а инженерите што го изградија тврдат дека се одлучиле за таков вид на конструкција бидејќи бил поевтин од висечки мост, но е и потраен. Целиот проект бил завршен за само две и пол години.