На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа третиот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”.
– Сакаме да повикуваме на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање, а не на затворање. Бараме да запрат сите партиски превирања и несогласувања, да ја оствариме целта за која сите се залагаме – Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна, бидејќи цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот, беше речено на протестот
Како што истакна Даме Симјаноски од „За заедничка Македонија”, антимакедонската стратегија е стратегија против сите што живеат тука.
– Се срамиме од сите сценарија што ги слушнавме изминатиов период и затоа сакаме да им застанеме на пат. Ова е замја на сите и ќе биде замја на сите и каква што ни ја оставиле нашите предци, така треба да им ја оставиме и ние на нашите деца, нагласи Симјаноски.
Иницијативата ги повика граѓаните мирно и достоинствено да маршират низ улиците на градот.