дома Европа Во Лондон за неколку часа со Ho ж до cmpт из бодени...

Во Лондон за неколку часа со Ho ж до cmpт из бодени двајца тинејџepи

Двајца тинејџери синоќа биле убиени при напади со нож во Лондон, соопштува британската полиција. Нападите се случиле еден по друг, а биле одвоени неколку часа, пренесува Скај Њуз.

Како што пренесуваат британските медиуми, тинејџер (15) од Гринич бил избоден околу 17 часот, а по полноќ во Ламбет друг тинејџер (16) доживеал исти таков напад.
Поради убиството на 15-годишното дете, кој ранет сам отишол во болница, уапсен е тинејџер (15).

Никој засега не е уапсен поради убиството на другото дете.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека е запрепастен поради ваквите убиства.

Лондон кој во минатото се соочувал со бројни насилства помеѓу младите, продолжува со своите напори да ги спречи понатамошните вакви напади.