дома Европа Во Мадрид paзбиена најголемата нapко бaндa, зaпленет цел аpcенал и 600кг kokаин

Во Мадрид paзбиена најголемата нapко бaндa, зaпленет цел аpcенал и 600кг kokаин

Шпанската полиција уапси 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра, арсенал огнено оружје и јапонски меч.

Како што се наведува, во серијата претреси се запленети и три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Меѓу запленетите предмети биле и 20 скапоцени автомобили, како и 700.000 евра готовина.

Во соопштението се наведува дека бандата била многу насилна.

Полицијата, исто така, тврди дека „адвокат за дрога“ вршел незаконски активности за таа организација.

Членовите на бандата користеле шифрирани имиња, а живееле во луксузни објекти.

„Истражните органи утврдија дека станува збор за најголема организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид“, се наведува во полициското соопштение.

Шефот на организацијата, кој по потекло е од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и земји во северниот дел на Европа