дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во Македонија вонредна состојба беше прогласена со 35 заразени лица, а Заев...

Во Македонија вонредна состојба беше прогласена со 35 заразени лица, а Заев смета дека со 3364 заразени нема причина

„Нема никакви причини владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Само денес има 125 новозаразени со коронавирус во Македонија и дури седум жртви. Последнава недела имаше над 1000 новозаразени. Но тоа не е причина за Заев! Нему единствено му е важно да се одржат брзите корона избори.

Заклучно со денес, од коронавирус се заразени 3364 лица, а бројката на починати е 164. Овие бројки се загрижувачки и алармантни, но за Заев не се оправдание за нова вонредна состојба.

Да потсетиме со што беше соочена Македонија во времето кога Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба, а Заев сметаше дека Владата има причини истата да ја побара.

На 18-ти март претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. Во тој момент во земјава имаше вкупно 35 заразени со коронавирус, а само тој ден 4 лица беа новозаразени.

Каква е логиката да има причина за вонредна состојба со 35 заразени, а да нема со 3364?