дома Македонија Во Македонија има и други соеви, вели Филипче: Во Тетово 4 лица...

Во Македонија има и други соеви, вели Филипче: Во Тетово 4 лица се тестираат за јужноафриканскиот coj

Според информацијата која утринава министерот за здравство, Венко Филипче, ја добил од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, се прават анализи за четири случаи од Тетово. Тие треба да се секвенционираат, рече министерот, нагласувајќи дека лицата се суспектни на јужноафриканската варијанта.

-Тоа значи дека, ете, има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или нег. Утрово зборував со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во „Жан Митрев“ и нема информација дека има друг случај на делта варијантата, истакна министерот Филипче во просториите на Црвен крст каде што денеска беше отворен Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.