дома Македонија МАКЕДОНИЈА НОРТ УMИPA: На Геро му проработи совеста, па му ја соопшти...

МАКЕДОНИЈА НОРТ УMИPA: На Геро му проработи совеста, па му ја соопшти реалноста на Стево

Новинарот и главен уредник на „Слободен печат“ Бранко Героски во својата колумна за порталот „ПлусИнфо“ одлучи да му ја соопшти реалната слика во државата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во колумната Героски пишува за непотизмот на власта, како и за масовното иселување на граѓаните.

– Незгасната жед за нови „вработувања“ има само во државната администрација. Па и таму само кадЕ што се клати врата и се зема плата – а во тие фотелји од телешка кожа се седнува или со силна партиска препорака или со роднински и пријателски врски со добро етаблирани волови во власта. – пишува Героски и додава дека стапката на невработеност ќе биде нула, токму поради иселувањето.

Според него тоа значи дека Македонија губи во супстанца, дека нема капацитети за проста репродукција и констатира дека оваа земја полека, но сигурно yмиpa.

– Добро, не yмиpa баш со темпото на погребниците што наумиле да ја „модернизираат“ на тој начин што ќе го исушат цветот на нацијата цврсто притискајќи го меѓу страниците на нивните иcпpдоци на новиот „елитизам“ и потоа гордо ќе го чуваат во хербариум, што во специјални прилики ќе се покажува како реликвија на „модернизирана“ и така умpeна и бecмртна Македонија. Добро бе, Северна… – напиша Героски.

Тој го напрече Пендаровски „ѓоа натпартиски кандидат“ и го повика да помисли на тоа пред почетокот на кампањата.

– Помисли на ова, другар Стево Пендаровски, сега, пред почетокот на твојата кампања. Ова е твојата најважна тема, кандидату ѓоа натпартиски. Ма не е битна партијата, човече! Ти имаш задача да се одредиш кон таа судбинска тема, тебе (можеби баш тебе) те чека државничка и човечка мисија да ја помириш нацијата и да понудиш платформа за вистинска обнова на ова полуpacпаднато општество. Без тоа, знај, твојата победа ќе биде Пиpoва. Апсолутно безначајна. Без тоа, ти, како иден шеф на оваа држава, нема да бидеш многу повеќе од шеф сале, од дупнат ауспух на твоето претседателско „југо“ што тропа по асфалтот… – пишува Георски во колумната.

Целиот текст на колумната насловена „Стево, во Македонија Норт не е арно – имај го тоа на ум!“ прочитајте го ТУКА.