дома Занимливости Во Македонија се јадеа мекици за бебето на принцот Хари

Во Македонија се јадеа мекици за бебето на принцот Хари

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска почести мекици по повод раѓањето на кралското бебе, синот на принцот Хари и Меган Маркл.

„Традиција е во повеќе места во Македонија да се послужат мекици на третиот ден откако е родено бебето, за негово здравје и долговечност. Некаде се нарекуваат и ‘лангиди’, а на други места се варти ориз. Во чест на кралското бебе, прославивме со оваа традиција“, објави амбасадорката на својот профил на Твитер.