дома Економија ВО МАКЕДОНИЈА „ЦВЕТА“ ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА: Македонците поевтини дури и од Кинезите!

ВО МАКЕДОНИЈА „ЦВЕТА“ ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА: Македонците поевтини дури и од Кинезите!

Најголем дел од текстилните и кожарските компании немаат пари за покачување на платите на работниците, а подигањето на минималната плата за нив ќе биде можеби последниот низок удар од државата.

Имено, и покрај ветената државна помош , фирмите до неа не можат да дојдат. Досега, пари од државата добиле само 10 000 од вкупно 70 000 работници чии плати се минимални.

„Процедурата е многу спора и сложена иако навидум делува едноставно. текстилниот сектор не е во можност да ги запази сите законски мерки, зашто зависи од уплати од странство“, истакна Маријана Перковска , претседател на Текстилен кластер.

Според Законот, за работниците кои до септемеври 2017 земаа плата пониска од 11.500 денари државата требаше да обезбеди помеѓу 500 и 2.000 денари во првите шест месеци. И покрај ова, помош за зголемување на платите добиле само 7.000 работници. Условот за да добијат помош, фирмите редовно да се исплаќаат плати и придонеси.

„Ако ние имаме пари редовно да ги плаќаме придонесите, тогаш помош не ни треба. Нам ни е потребна интервенција во моментот на исплата, а не потоа, откако веќе ќе ги обезбедиме парите“, истакна Перковска.

Во меѓувреме, интересот цврсто ги прегрна Владата и синдикатот, па првиот синдикалец на чевларите и текстилците излезе со изјава дека текстилците во Македонија се помалку платени од оние во Кина.

„Имав состанок со претставници на светската и европската организација каде што се изнесоа податоци дека минималната плата во Македонија е помала од онаа во Кина каде што е 350 евра“, тврди Љупчо Радовски.