Во Македонија pacтe бpojoт нa млaди жpтви нa виpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делта варијантата на коронавирусот е за 60 проценти позаразна, а се шири кај младите, зашто тие најмалку внимаваат на заштитните мерки, најмалку се вакцинирани, а нивниот имунолошки систем сега си има работа со агресивен, жесток и разорен вирус.

Македонија е на европскиот и на светскиот врв по починати од ковид-19. Црната статистика покажува дека и младите пациенти завршуваат фатално. Во земјава е регистриран првиот смртен случај на дете на 15-годишна возраст. Станува збор за девојче од тетовско кое битката со коронавирусот на изгуби на Инфективната клиника поради компликации. Претходно 22-годишник почина од ковид истиот ден. Се вакцинирал со една доза „Фајзер“ вакцина во Германија, а се заразил на свадба во земјава. Едната доза, не била доволна за да го заштити.

„Слободен печат“ побара мислење од директорот на Клиниката за пулмологија и долгогодишен лекар со 35-годишно искуство во областа на пулмологијата, доктор Дејан Докиќ – зошто младите луѓе умираат од коронавирусот во земјава.

– За смртноста од ковид, работата е многу дискутабилна. Меѓутоа, моето лично мислење, со целокупното мое познавање на имунологијата од 35 години, е дека се е до имуниот систем. Се е до наследниот генетски фактор. Ако ние имаме организам со добар имунолошки систем, независно од тоа на која возраст е, со напомена дека со староста опаѓа одбрамбената моќ на имунитетот, тогаш тој имун систем ќе биде компетентен да се бори со било кој вирус. И ќе биде способен да надвладее над коронавирусот. Гледаме многу пациенти. Ако лимфоцитите не им паднат многу, тие ќе поминат со лесна клиничка слика. И да се влоши нешто малку состојбата, пак ќе се изборат. Затоа што лимфоцитите им се во голем број. Кај тие што паѓа нивото на лимфоцитите, се развива потешка клиничка слика и како ќе завршат, неизвесно е. Се е до имунолошкиот систем на пациентот, многу е индивидуално, изјави за „Слободен печат“ доктор Докиќ.

Тој додаде дека делта варијантата на коронавирусот е за 60 проценти позаразна, а се шири кај младите, зашто тие најмалку внимаваат на заштитните мерки, најмалку се вакцинирани, а нивниот имунолошки систем сега си има работа со агресивен, жесток и разорен вирус.

– Во овој момент повеќе умираат млади затоа што тие повеќе се заразуваат. Првичниот див сој на коронавирусот напаѓаше повозрасни. Но, сега поголем дел од возрасните се вакцинирани, или го прележаа вирусот. Младите останаа незаштитени, но и не ги почтуваат мерките за заштита. Кога сме доведени во ситуација поголем број заразени да се млади, меѓу нив ќе има и такви кои се имуно некомпетентни и нивниот имун систем има некоја „фалинка”, која во борбата со некоја обична настинка немал проблем да се справи, но кога доаѓа во контакт со еден агресивен вирус како овој, не е доволен да се справи и може да заврши со тешка клиничка слика или со смрт, вели доктор Докиќ.

Витамините не можат да направат чуда

Тој додава дека со витамините може да се подобри имуниот систем, ама не и да се направат чуда.

– Ние можеме нешто малку со некои витамини да го засилиме имунолошкиот систем, ама во принцип, не можеме да го смениме генетскиот код кој е вроден. Генот лимитира, може да се подобри, но не чудотворно. Сето тоа што го голтаме сега во форма на витамини, е во рамките на тие 10 или 15 проценти да се подобри имунитетот. Тука е грешката на луѓето – додава докторот.

Тој уште еднаш потсетува дека вакцината не штити стопроцентно од зараза.

– И да си вакциниран и да имаш антитела, кога доаѓаш во контакт со надворешна средина каде има вирус, вирусот ќе влезе во организмот. Вирусот нешто ќе направи, некоја клетка ќе подуништи, ама тоа е минорно и нема клинички да се манифестира. Инаку да не се лажеме, тие што се имуни, не значи дека не се заразуваат. Тие се заразуваат, но во моментот имаат одбрана и не дозволува таа одбрана да настане болест, вели д-р Докиќ.

Тројца починати од едно семејство за една недела

Дека коронавирусот брзо се шири и дека блиските контакти може да завршат погубно покажува и трагедијата во Тетово, каде тројца членови од исто семејство за една недела починале во домашни услови. Како што потврди за „Слободен печат“ доктор Миранда Пајазити од тетовскиот ковид-центар, и од она што таа го гледа на терен, имунитетот има огромна улога во справувањето со коронавирусот и може да е пресуден за исходот од лекувањето.

– Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава тројца од исто семејство, починале дома. Ќерката имала 36 години и обезитет, а мајката и таткото имале карцином во терминална фаза и кардиомиопатија. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика, изјави доктор Пајазити.

Директорката на Инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ апелира вирусот да се сфати сериозно, да не се користат полупријателски шеми на квази лекување со инфузии дома и да се оди на преглед рано откако ќе се дијагностицира ковид-19.

– Младоста не штити онака како што сметавме на почетокот на пандемијата, изјави доктор Стевановиќ.

Министерството за здравство апелира на масовна имунизација. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This