дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во Москва почна втората фаза од вакцинацијата против Ковид- 19

Во Москва почна втората фаза од вакцинацијата против Ковид- 19

Учесниците во последната фаза од клиничкото испитување на руската вакцина против вирусот корона започнаа да ја примаат втората доза на вакцината „Спутник V“, изјави заменик-градоначалникот на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.

Според неа, втората фаза на вакцинација веќе започна во медицинските установи каде беа вакцинирани првите учесници во тестирањето. Станува збор за четири институции – поликлиники број 2, 62 и 220, како и одделот за поликлиника на Градската болница „Кончаловски“.

Ракова посочи дека втората фаза на тестирање наскоро ќе започне во сите болници вклучени во испитувањето.

Временската разлика помеѓу првата и втората вакцинација е 21 ден.

Клинички испитувања по регистрација на руската вакцина за коронавирус започнаа во Москва на 7 септември, а првите учесници беа вакцинирани на 9 септември.