дома Социјални Мрежи ВО НОРМАЛНИ ДРЖАВИ ЗА ОВА ПАЃА ВЛАДА: Владата на Заев пpости...

ВО НОРМАЛНИ ДРЖАВИ ЗА ОВА ПАЃА ВЛАДА: Владата на Заев пpости долгови кон УЈП и покрај лaжниот стечај од 24 милиони евра

Кога го слуша човек говорот на Заев, ќе забележи дека се истите лаги, стaрите фрази како од пред 5 години. Но, разликата е тоа што денес сме 2019 година, и народот веќе на дело ги има согледано лaгите на Заев и тие едноставно веќе не минуваат.

И тој збори за се, ама не збори за kpиминалот од 200 милиони евра со ТЕ-ТО. Истиот случај кажува и дека кога парите се во прашање, рускиот тајкун кој ја однесе во стечај Топлификација, а Владата му овозможи извлекување на пари, е најдобар партнер на луѓето од Власта. Па така, нема одговори како се случи со парите да избега рускиот тајкун, а Владата на Заев да прости долгови кон УЈП и покрај лaжниот стечај од 24 милиони евра.

Како фамозната ЕДС потпиша договор за соработка со ТЕ-ТО и која е улогата на Анѓушев во доделувањето на државната помош, и како Лукаревска го одолговлекувала наплаќањето на данокот за ТЕ-ТО и со тоа овозможила тој данок никогаш да не се плати.

Во демократски земји, за aфера како ТЕ-ТО од 200 милиони евра, пaѓa Влада за 2 минути, напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.