March 28, 2024, 11:28 pm

ВО ОДБРАНА НА ДЕБАР МААЛО: Група граѓани со судска постапка против Андреј Жерновски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според нив, Одлуката да се гради се донесува и покрај забелешки од жители доставени во декември 2015 и јануари 2016 година со анкетни ливчиња и на средба со градоначалникот за оваа парцела но и за севкупниот нацрт ДУП.

Во одбрана на Дебар Маало, како самоорганизирана група жители, се подготвува да поведе судска постапка против Општина Центар и градоначалникот Жерновски поради повеќекратно прекршување на законот, се вели во денешното соопштение во коешто, исто така, се истакнува дека и по три месеца, членовите на Советот не се одѕвале на нивното барање.

Споменатата граѓанска иницијатива наведува дека нивната постапка е испровоцирана од одлуката на Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски да се гради во
Градскиот парк, и оти „нелегалното уништување на јавен простор и зеленило за време на изградбата на Скопје 2014“ се проширува и во најголемата оаза во градот.

„Ова е особено лармантно бидејќи ваквото недемократско однесување се случува кога градот се соочува со еколошка катастрофа и нарушено здравје на граѓаните“, се истакнува во дописот до медиумите.

Оттаму, како што се наведвува, Во одбрана на Дебар Маало, како самоорганизирана група жители се подготвуваат да поведат судска постапка против општината и градоначалникот.

„И по две години, градоначалникот Жерновски и општината немаат одговорено на доставените забелешки и со тоа директно го кршат Законот за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдува постапката за изработка на урбанистички планови. Овој потег е само еден чекор во битката да се смени долго воспоставената недемократска пракса на урбано планирање и конечно со јасна стратегија и визија да се планира урбаниот развој на општината и градот во колективен интерес на тие што живеат и работат во него“, се наведува во соопштението.

Се вели и дека и покрај забелешките за катастрофалните планови, градоначалникот Жерновски и раководството изминативе години непречено усвојуваат неиздржани нацрти за ДУП-ови,издаваат одлуки за градба во отсуство на солидна планска програма и ажурирани податоци од терен, ги инструментализираат иницијативите на жителите и ги игнорираат аргументираните и експертски забелешки.

„Одлуката да се гради нова сала на спортскиот клуб Работнички е уште еден пример што повторно отвори прашања за начинот на кој Општината Центар и градоначалникот Андреј Жерновски го планираат урбаниот развој на општината“, се наведува во дописот на иницијативата.

Парцелата, како што се истакнува натаму, лоцирана меѓу стариот и новиот дел од Градскиот парк, е заедничко добро на сите граѓани.

„Затоа, како жители на општина Центар и на градот Скопје, самоорганизирани во иницијативата Во одбрана на Дебар Маало чувствуваме општествена одговорност да ги повториме во јавноста проблемите што ги имаме воочено околу одлуката за изградба на спортската сала во предвидениот размер, а кои се уредно доставени пред два месеца до Општината и повторно премолчени од градоначалникот Жерновски“ се додава.

Наведено е покрај тоа и дека парцелата во сопственост на „БАУЕР БГ„ (фирма која ги доби тендерите за голем дел од објектите СК 2014) беше предвидена за катна гаража од 29м, а според важечкиот ДУП 3 12 за Градски парк и дел од Дебар маало 2 објавен на страната на општина Центар. За направената пренамена немало никаква објава и расправа, задолжителна во случај на дополнителни промени на парцели од јавен интерес.

Исто така, според иницијативата, проширена е локацијата за градба на салата. Не е јасно кои парцели ќе бидат вклучени во новиот објект и дали ова ќе се случува на сметка на постоечко јавно зеленило.

Не е познато, велат натаму од „Во одбрана на Дебар Маало“ дали со закон предвиденото сообраќајнот решение утврдува одржливост на објектот ниту е јасно дали воопшто е сработено сообраќајно решение со кое ќе се увиди дали постоечката сообраќајна инфраструктура може да го издржи предвидениот нов сообраќај.

Според нив, Одлуката да се гради се донесува и покрај забелешки од жители доставени во декември 2015 и јануари 2016 година со анкетни ливчиња и на средба со градоначалникот за оваа парцела но и за севкупниот нацрт ДУП за градска четврт 3 12 Градски парк 1 и дел од Дебар Mаало 2.

„Едно е јасно, ДУП-от 3 12 не задоволува услови за похумано живеење, една од целите на урбаното планирање уредено со чл.2 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Во период кога погледите се свртени кон иднината на објектите од проектот Скопје 2014, ја известуваме јавноста дека процесите и начинот на урбанистичко планирање што доведоа до еден ваков катастрофален проект се олицетворуваат и во начинот со кој раководството на општината Центар продолжува да планира и гради во градски четврти низ општината. Нетранспаретни одлуки, спротивни на граѓанскиот и општ интерес и на демократските принципи, се само дел од забелешките што иницијативата Во одбрана на Дебар Маало веќе две и пол години ги упатува на адреса на општината во раководство на градоначалникот Андреј Жерновски“, наведуваат од овие граѓани.

Меѓу спорните четврти се тие за Градски Парк 1 и Дебар Маало 2 (3 12), Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2 (3 10 ) и Буњаковец 1 и Буњаковец 2 (3 11).

Во Одбрана на Дебар Маало предложи мораториум на градба во населбата се до утврдување на сите неправилности. Самоорганизираните граѓани од Во одбрана на Дебар Маало поднесоа барање овие проблеми да се стават како точка и на седница на Советот на општина, но и по три месеца, членовите на Советот не одговориле на барањето, иако тие сe дел од претставнички орган на граѓаните, избрани на општи непосредни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This