дома Локално Во општина Карпош се чистат улиците од снег

Во општина Карпош се чистат улиците од снег

Дежурните комунални служби што ги ангажираше општина Карпош ги расчистуваат улиците од снегот.

Како што соопшти општина Карпош, синоќа зимските служби фрлале сол и песок во Горно Нерези и кај комплексот „Македонско село“, кое се смета за едно од критичните точки во општината.

Општина Карпош апелира жителите да ги отстранат своите возила од сервисните и станбените улици за да можат комуналните служби непречено да ја извршуваат својата работа.