дома Македонија ВО ОХРИД ДОБИВАЛЕ ПО ДВЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА: 2 потпишани во списокот, а...

ВО ОХРИД ДОБИВАЛЕ ПО ДВЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА: 2 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите се потпишувале само на изводот на избирачкиот списокот за локалните избори, соопшти денеска на својата седница Државната изборна комисија (ДИК). На оваа седница се разгледуваат приговopи во однос на првиот круг од изборите, а за денес се предвидени 14 вакви приговири.