дома Балкан Во понеделник се отвора Koвид-бoлницa во белградска „Арена“ со 500 кревети

Во понеделник се отвора Koвид-бoлницa во белградска „Арена“ со 500 кревети

Од понеделник во спортска сала „Арена“ во Белград ќе биде отворена привремена ковид-болница во која ќе има 500 кревети. Од вторник Ортопедската клиника на Бањица повторно ќе биде ковид-болница, најави српскиот министер за здравство Златибор Лончар, а пренесе „РТС“.

Лончар соопшти дека во изминатата ноќ повеќе од 130 пациенти се задржани на болничко лекување.

Тоа значи дека се работи за сериозна клиничка слика и дека морале да останат на болничко лекување. Секој ден повеќе од 100 пациенти се примаат во болница и затоа мора да се обезбедат капацитети, додаде Лончар.