дома Свет Ќе му ја затворат ли вратата за нова кандидатура? Во понеделник cyдење...

Ќе му ја затворат ли вратата за нова кандидатура? Во понеделник cyдење за отповикување на Доналд Трамп

Претставничкиот дом на САД во понеделник ќе достави предлог до Сенатот за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт.

Со тоа ќе почне судска постапка што може да му ја „затвори вратата“ за повторно да се кандидира на претседателски избори, изјави денеска лидерот на мнозинството во сенатот, Чак Шумер.

– Претставничкиот дом ќе достави член за отповикување во Сенатот. Сенатот ќе спроведе судење за отповикување на Доналд Трамп. Тоа ќе биде целосно судење. Ќе биде праведно судење, рече Шумер во Сенатот.