дома Европа Во Русија peгиcтpиpaн peкopдeн бpoj нa нoвoзa6oлeни oд кopoнaвиpyc

Во Русија peгиcтpиpaн peкopдeн бpoj нa нoвoзa6oлeни oд кopoнaвиpyc

Во Русија во последните 24 часа се потврдени нови 21.798 случаи на коронавирус, што е најголем број на инфекции во еден ден, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот.

Тасс пренесува дека ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи е над 20.000. Во истиов период, од последиците на Ковид-19 умреле 256 лица, и тоа претежно во московскиот регион.

Од почетокот на пандемијата во Русија, од коронавирус се заразени 1.796.132 лица, додека досега умреле 30.793 лица.