дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во светот се регистрирани повеќе од 8,5 милиони зaрaзeни од Koвид-19, додека...

Во светот се регистрирани повеќе од 8,5 милиони зaрaзeни од Koвид-19, додека над 456.468 лицa ги зaгyбилe живoтитe

Во светот се забележани повеќе од 8,5 милиони случаи на заразени со коронавирусот, а од последици на COVID-19 починале над 456.468 луѓе. Закрепнати се над 4,5 милиони заболени.

Најмногу заразени и починати има во САД, над 2,2 заболени и над 120.000 починати. Бразил е земјата во Јужна Америка со најголем број заболени, вкупно се регистрирани 983.359 случаи и 47.869 починати.

Голем број на заразени има и во Русија, вкупно 561.091 заболени и 7.660 смртни случаи.

Вториот бран на епидемијата со коронавирусот го погоди и Пекинг, од каде велат дека нема место за паника, активирани се мерките за претпазливост. Сликите од почетокот на февруари, кога улиците беа празни поради карантинот, засега не се повторуваат.

И нашата земја е зафатена од втор бран на коронавирусот, досега се регистрирани 4.664 заболени и 216 починати како последица на COVID-19. Активни случаи се 2.612. Досега се направени 47.793 тестирања.