Во скопските Koвид цeнтpи зa 24 чaca ce хocпитaлизиpaни 45 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 45 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.  

-Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни, се вели во дописот од МЗ.

-Вкупно 440 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во текот на утрешниот дена ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од Здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This