дома Хроника Во Скопје фатена девојка со фaлсификувaни банкоти по 500 евра

Во Скопје фатена девојка со фaлсификувaни банкоти по 500 евра

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 26.11.2020 во казино во Скопје, М.Ф. пуштила во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра, со намера да ги размени за денари.