Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 503 нови случаи на ковид-19 во Скопје, а оздравени се 279 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 21347, од кои активни се 8826.
Бројот на активни случаи по општините во главниот град денеска изгледа вака: (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата)
• Чаир – 547
• Гази Баба – 1260
• Аеродром -1319
• Карпош – 1128
• Центар – 1097
• Кисела Вода – 1077
• Ѓорче Петров – 725
• Бутел – 471
• Шуто Оризари – 150
• Студеничани – 40
• Сарај – 120
• Арачиново -29
• Илинден – 219
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 100
• Петровец –97
• Зелениково -55
• Странец – 150
• Нераспределен- 179.