дома Балкан Во Словенија регистрирани речиси 1600 нови случаи, починaлe 43 лица

Во Словенија регистрирани речиси 1600 нови случаи, починaлe 43 лица

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.591 нов случај на корона вирус од 6.938 тестирани, а 43 лица починале.

Во болницата низ земјата хоспитализирани се 1.258 пациенти, што е за 66 помалку од претходниот ден.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така се намали.

Од почетокот на пандемијата, досега во Словенија се заразени 74.265 лица, а од последици предизвикани од Ковид -19 починале 1.336 пациенти, пренесува СТА.