дома Балкан Во Србија над 5300 зaболeни, починaлe 29 лица

Во Србија над 5300 зaболeни, починaлe 29 лица

Според последните податоци, во Србија денеска се забележани 5.305 нови случаи со корона вирус од 17.208 тестирани.

Починаа уште 29 пациенти. На респиратор се 228 пациенти, а 5.277 се лекуваат во болница.

Во Белград до вчера, вакцинирани се 402.521 лица, односно 28,65 отсто од возрасната популација, а ревакцинирани се 243.065 граѓани.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ вели дека од понеделник училиштата ќе бидат отворени за пониските одделенија, а повисоките и средношколците остануваат онлајн да следат настава.

Се повкуваат сите работодавци да ослободат дел од родителите кои би останале со своите деца, а да работат од дома.