April 20, 2024, 12:10 am

Во Србија нa мaca e пpeпopaкaтa гpaѓaнитe дa ce вakциниpaaт и co тpeтa дoзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за имунизација во Србија препорача граѓаните да примат и трета доза од антиковид вакцина. Оваа препорака Кризниот штаб за борба против коронавирусот ќе ја усвои на почетокот на месец август. Според Комитетот третата доза треба да биде Рна вакцина, но може и вакцина направена на некој друг начин.

Граѓаните сами ќе можат да ја изберат третата доза од достапните вакцини, без разлика со која вакцина се имаат вакцинирано. Од Рна вакцините Србија ја има Фајзер, а Модерна ја очекува во октомври. Трета доза вакцина може да прима секој кој сака, но треба да исполнува само еден услов, а тоа е од втората примена доза да поминале најмалку 6 месеци.

За третата доза сериозно треба да размислат лицата постари од 70 години, лицата со имунитетeн дефицит и лицата  чиј имунолошки систем слабо реагира на  двете дози велат епидемиолозите. Покрај Фајзер, во Србија се употребуваат и вакцините на Спутник, Синофарм и Астра Зенека. Според епидемиолоизте четвртиот ковид бран е на прагот во Србија, а на удар ќе бидат невакцинрианите. Здравствените власти апелираат граѓаните што побрзо да се заштитат.

Утрово здравствениот центар на Врање објави список колку српски и странски граѓаните се вакцинирале во центрите за имунизација во градот. Заклучно со вчера, 12.006 македонски граѓани примиле прва доза, додека со втора доза вакцинирани се 9.394 македонски државјани. Вчера вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This