дома Македонија ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА – ПРАЗНО: Струмичани немаат интерес за референдумот –...

ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА – ПРАЗНО: Струмичани немаат интерес за референдумот – драстично помала излезност во споредба со изборите

До 13 часот во општина Струмица на гласање излегле 8.393 избирачи, односно 17,1 отсто од вкупно запишаните 49.086 избирачи. И во оваа општина се бележи далеку помала излезност од онаа на предвремените парламентарни и локалните избори.

На превремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016-та година, до 13 часот во Струмица гласале 38,58% од избирачите, односно за 21,48% повеќе од излезноста на денешниот референдум.

26,74% од избирачите во Струмица, гласале до 13 часот на локалните избори кои се одржаа лани. И на овие избори, струмичани покажаа поголем интерес од денес.