дома Хроника ВО СТРУМИЧКО ЗACTРЕЛАН ЛОВЏИЈА: Наместо дивеч, ловџијата го погодил пријателот

ВО СТРУМИЧКО ЗACTРЕЛАН ЛОВЏИЈА: Наместо дивеч, ловџијата го погодил пријателот

Во Полициската станица Струмица вчера било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, Н.Н.(64) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите.

 

 

-Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.