дома Македонија ВО СЈО HEMA „МАЖ“: Никoj нe caка да потпише трансфер на предметите...

ВО СЈО HEMA „МАЖ“: Никoj нe caка да потпише трансфер на предметите кај Јовески

Меѓу обвинителите во СЈО нема ниту еден што ќе потпише за трансфер на предметите кои на барање на Катица Јанева треба да заминат во Јавното обвинителство, пренесува Експрес.

Извори во СЈО тврдат дека деновиве дел од обвинителите се под силен политички притисок да се стави параф на одлуката за трансфер за предметите а притисокот се засилува

Ниту еден обвинител засега не сака да го прекрши законот затоа што сите се свесни дека нема правен основ за трансфер.

Уште поголем проблем е што со налогот на Јанева од затвор не се опфатени неколку други прашања кои се од исклучителна важност и за предметите и за луѓето инволвирани во нив како обвинители, истражители, сведоци, списи, докази и слично.

Спроведување на барањето на Јанева без да се расчистат сите дилеми може да значи кривична одговорност за човекот што би се потпишал на документот со кој предметите од СЈО би се префрлиле во ОЈО.