дома Хроника Во Тетово пронајдена дива кабелска телевизија

Во Тетово пронајдена дива кабелска телевизија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“. Пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис без да биде лиценциран оператор и не е содржан во регистар на даватели на вакви услуги со што постапил спротивно на чл.56 и чл.57 од Закон за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.

На 25.07.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три лап-топ компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело, односно на лап-топ комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТВ програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги