Навреме се отворени сите гласачки места во општините од Тиквешкиот регион и гласањето се одвива без проблеми, потврдија претседателите на општинските изборни комисии.
Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места, а право на глас имаат 32.270 граѓани. Во понеделникот гласаа 4 лица позитивни на ковид или во самоизолација, додека вчера гласаа 154 болни и немоќни лица.
15.874 граѓани имаат право на глас во општина Неготино. Се гласа на 28 избирачки места. Вчера правото на глас го искористиле 100 болни и немоќни лица.
Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија, а во избирачкиот список се запишани 3269 граѓани со право на глас. Во текот на вчерашниот ден гласаа 64 болни и немоќни лица.
5 лица во самоизолација и 45 болни и немоќни гласаа првите два дена во општина Росоман. Денеска се гласа на 10 избирачки места, а право на глас имаат 3353 граѓани.
Во општина Градско отворени се 11 гласчки места. Право на глас имаат 3136 граѓани од оваа општина. Вчера гласаа 45 болни и немоќни лица.