дома Социјални Мрежи ВО ФАРМЕРКИ И ЏЕМПЕP, КАКОВ ШТО НЕ ГО ЗНАЕМЕ: Мицкоски во едно...

ВО ФАРМЕРКИ И ЏЕМПЕP, КАКОВ ШТО НЕ ГО ЗНАЕМЕ: Мицкоски во едно поинакво издание во „Еден на Еден“

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре.

Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоки. И малку музика.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски.