дома Балкан Во Хрватска нajaвeни нoви pecтpиктивни мepки: Дeлтa cojoт peгиcтpиpaн кaj 43 пpoцeнти...

Во Хрватска нajaвeни нoви pecтpиктивни мepки: Дeлтa cojoт peгиcтpиpaн кaj 43 пpoцeнти oд нoвoзapaзeнитe

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чепак, вели дека Хрватска не ја постигнала целта затоа што 50 проценти од возрасната популација не е вакцинирана до 1 јули.

“Ние ја поставивме таа цел на 55 проценти од населението, имајќи предвид колку може да набавиме вакцини. Пресметавме колку вакцини ќе добиеме, колку ќе вакцинираме. Но, интересот падна, вакцинацијата забави”, рече тој за Хрватски медиуми.

Цапак процени дека нов бран на коронавирусот ќе дојде во Хрватска на есен, а можеби и порано, бидејќи во таа земја е регистриран Делта сојот, кај 43% од новоинфицираните лица.

„Се шири побрзо и може да ни создаде многу проблеми“, рече Чапак. Тој најави и построги мерки на есен.

„Секако, ќе има рестриктивни мерки доколку број почне да расте, бидејќи, имајќи предвид дека не сме биле доволно вакцинирани, нема друг начин да се заштити здравјето на граѓаните, освен воведување построги мерки“, рече Чапак.