дома Балкан ВО ЦРНА ГОРА СЕ ОДРЖУВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ:Учествуваат седум кандидати

ВО ЦРНА ГОРА СЕ ОДРЖУВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ:Учествуваат седум кандидати

Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени избирачките места за претседателските избори во кои учествуваат седум кандидати.

Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.

Тоа се седми претседателски избори од воведување повеќепартиски систем и трети од прогласување независност.

На претседателските избори учествуваат седум кандидати – Марко Милачиќ, Младен Бојачиќ, кандидат на Деморатскиот фронт, Демократите, Социјалитичката народна партија и Граѓанското движење УРА.

Кандидат на Партијата на правдата и помирувањето е Хазбија Калач.

Василије Миличковиќ е кандиат на Група избирачи Граѓанска акција и Партијата на пензионерите и Добрило Дедеиќ претставник на Српската коалиција.

Драгана Вуксановиќ е кандидатка на СДП, а кандидат на владејачката партија Демократска партија е социјалистот Мило Ѓукановиќ.