дома Балкан Во Цpнa Гopa до 18 чacoт глacaлe 70,5 oтcтo од избиpaчитe

Во Цpнa Гopa до 18 чacoт глacaлe 70,5 oтcтo од избиpaчитe

До 18 часот на парламентарните избори во Црна Гора гласале 70,5 проценти од гласачите или 380.700 гласачи со право на глас, соопшти Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).

Како што се наведува во соопштението, тоа е за пет проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 година, кога излезноста во истиот временски период беше 65,5 проценти.

Претседателот на Државната изборна комисија, Алекса Ивановиќ претходно изјави дека до ДИК не биле пријавени поголеми неправилности.

Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.

На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.