дома Занимливости ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ТАТКОВЦИТЕ: Хари и Меган објавија фотографија од...

ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ТАТКОВЦИТЕ: Хари и Меган објавија фотографија од принцот Арчи со што го освоија Инстаграм!

Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија од најмладиот член на кралското семејство, нивниот син Арчи, во чест на Денот на татковците.

На фотографијата се принцот Хари и малиот Арчи, кој има само 40 дена. Ова е прва фотографија на која одблизу се гледа лицето на кралското бебе.

Фотографијата е објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на Sussex Royal со опис: „Среќен Ден на татковците и посебен прв Ден на татковците на војводата од Сасекс“.

Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор е прво дете на Хари и Меган.