дома Локално Во четврток во Скопје ќе се прска против комарци

Во четврток во Скопје ќе се прска против комарци

о четврток и в петок, во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Градските власти информираа дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Прскањето против комарци од земја ќе се одвива од недела, 18 јули 2021 година до 22 јули 2021 година, од 22 до 3 часот, наредниот ден.

Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – соопштија од Град Скопје.