дома Балкан Во Шибеник за еден час удриле 1.500 громови

Во Шибеник за еден час удриле 1.500 громови

Силно невреме го зафати Шибеник во саботата кога за само еден час паднале дури 50 литри дожд по квадратен метар, пренесуваат локалните медиуми.

grom

 

Освен Шибеник, голема количина дожд е забележана во Водице, пренесува „Индекс.хр“. Големите дождови предизвикаа поплава во центарот на Шибеник.

Освен тоа, во регионот на Шибеник за само еден час се забележани дури 1500 удари од громови, кои предизвикаа еден дел од градот да остане без струја.