дома Европа Во Шпанија регистрирани пет земјотреси за половина чаc

Во Шпанија регистрирани пет земјотреси за половина чаc

Шпанија доцна вечерва регистрира пет земјотреси за само половина час.

Првиот земјотрес регистриран во 21 часот и 36 минути по локално време со јачина од 4.3 степени на длабочина од 10 километри.

Потоа следуваа 4 афтершокови со магнитуда помала од 4 степени по рихтер.

Голем број жители ги напуштија своите домови по потресите и најверојатно ноќта ќе ја поминат на отворено или во своите автомобили.