Во 6oлницитe ce лekyвaaт вкyпнo 1581 лицa пoзитивни и cycпeктни нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 а има околу 260 празни болнички кревети во ковид центирте, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од корона- вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември биле примени 14 пациенти и 15 на Инфективната клиника, во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени еден нов пациент, а тројца се примени на Клиниката за детски болести. На домашно лекување се пуштени 75 оздравени пациенти.

Како што информираат од Министерство за здравство во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти.

–Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки, стои во соопштението.

Вкупно 654 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во останатите градови на дневна основа, хоспитализирани се 89 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 болницата, во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 76 болни, а во Куманово 156 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 126 во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 85 пациенти, во Кочани 37, во Кичево 23, Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството соопштуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This