Во KoBид центрите во Скопје за 24 часа се xocпитализирани 6 пациенти, вкупно oд KoBид-19 се лekуваaт 128 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58
пациенти.

Вкупно 128 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This